Крстина Шокароска и Сена Заде се две наши млади сограѓанки кои ги спојува љубовта кон музиката. Виолинистката Крстина и Сена која свири на гитара неодамна ги испробаа своите кантавторски способности и го направија првиот обид во компонирање. Нивниот музички проект се вика “Eleven”, а првата нумера која произлезе од нивната соработка е Moonlight”.
Шокароска е студентка на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ – Скопје и професионално се занимава со свирење на виолина. Сена Заде студира на Филозофскиот факултет во Скопје, а уште од мали нозе се занимава со музика, свирејќи на гитара.
Кристина и Сена
Покрај многубројните обврски тие наоѓаат време за музицирање но и за компонирање, за што инспирација наоѓаат во секојдневниот живот и се она што ги окупира младите.
OhridNews