Одделението за електромашински работи во ЈП Водовод Охрид изврши демонтирање на старата и дотраена потопна пумпа од бунарот Студенчишта (бунар 2).
Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирана е нова потопна пумпа со јачина од 59 kw во бунарот Студенчишта, велат од претпријатието.
Воедно, посочуваат дека продолжуваат со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети.
Претходно, беше извршено демонтирање на старата и дотраена потопна пумпа од бунарот Студенчишта (бунар 3) и монтирана нова потопна пумпа со јачина од 26 kw со нов потисен цевковод.
OhridNews