Светски познатата оперска певица, сопранот Монсерат Кабаље, е во преговори за настап на отворањето на годинешното Охридско Лето.
Како што дознаваме дирекцијата на фестивалот стапила во контакт со менаџерите на Кабаље во Барселона, од каде се очекува одговор на понудата.
Дали Кабаље ќе го отвори Охридско лето, ќе се знае наскоро, велат од дирекцијата на фестивалот. Оттаму информираат дека се преговара и со други еминентни музички имиња околу настап на отворањето на Охридско лето.
ohridnews