Екстремниот моноциклист Стив Колиган од Манчестер (Англија) планира да го освои врвот на светот со моноцикл и така да се запише во гинисовата книга на рекорди. патувањето преку хималаите од 1.000 километри на едно тркало започнува од Ласе во Тибет до Катамаду во Непал.


Таткото на две деца вози моноцикл веќе 8 години, а последните 6 години го усовршил планинското возење. Оваа 25 дневна авантура ја гледа како најголем животен предизвик. Се одлучил за овој подвиг како би собрал пари со кои ќе се изгради училиште во Непал.

„Ќе биде екстрено возење, но и единствено искуство“ – рекол Стив