Нова филмска верзија на друштвената игра „Монопол“ се појавила на онлајн пазарот, а заснована била на антологиското остварување на Френсис Форд Копола „Кум“, пренеле британските медиуми. Во играта се наоѓале повеќе предмети од филмот, меѓу кои коњска глава, конзерва маслиново масло, лимузината на Донот, мртва риба и други.

Куќите и хотелите од оригиналната игра сега се понзти по имињата засолништа и филијали, додека картичките „шанса“ и „изненадување“ се викаат „пријатели“ и „непријатели“. Во играта исто така има картички кои се наречени „Дон“, кои дозволуваат, покрај многуте можности, играчот да го киднапира противникот или да испере пари. Оваа верзија на „Монопол“ моментално е достапна на сајтот „Амазон“ за 39,95 долари.