По успешниот настап на Фестивалот на монодрама во Битола и гостувањето во театарот “Солзи и смеа” во Софија, монодрамата “Писма од земјата” се враќа на редовен репертоар во Народен Театар Охрид. Монодрамата ќе биде изведена на 12 октомври, среда во центарот за култура со почеток во 20 часот.
Претставата е сатирична турболенција во која Никола Тодороски го толкува ликот на Лудиот Филозоф или едноставно кажано Будалата. Лик кој постои откако постои светот и е тука за да не соочи сите нас со најгорчливите сегменти на човековото постоење, корупција, административен поглед кон религијата, смрт, алчност за пари, цивилизацијата воопшто. Ние како пасивни гледачи или сеирџии сме приморани од страна на Будалата да вкусиме од горката чаша и така згрозени да плукнеме на се она што ни го грчи желудникот и не тера да се мрштиме, за потоа повторно со насмевка да го почувствуваме слаткиот вкус во нашата уста-овојпат знаејќи дека може да биде и полошо.
Текстот е адаптирано сценарио според раскази на еден од врвните светски сатиричари Марк Твен. Ова е прв театарски проект на Никола од ваков тип во кој тој се јавува како главен лик и режисер, автор на сонговите и сценарист.
“Писма од Земјата” – според Марк Твен
Режија: Никола Тодороски
Игра: Никола Тодороски
Музика: Аманда Џејн
Костим: Ромина Стефаноска Решиди
Инспициент: Филип Ангеличин – Жура
Технички директор: Зоран Левески
Техничар на светло: Борис Велјаноски
Техничар на тон: Митко Серафимоски
Проекции: Никола Чолески
Гардеробер: Линдита Мерко
Сценски декоратер: Ѓоко Китоски
НУЦК “Григор Прличев” – Народен Театар Охрид
Билети по цена од 150 денари во Музичка продавница Зи Зи Топ. Цената на билетот на денот на претставата изнесува 200 денари.
OhridNews