Актерот Петар Темелковски во сабота-16.02.2008 година во Центраот за култура во Охрид ќе ја изведе монодрамата Филип II.

Претставата започнува во 20:00 часот, а влезот е слободен, соопшти дирекцијата на фестивалот Охридско Лето и Центарот за култура „Григор Прличев“ кои се организатори на овој културен настан.


Петар Темеловски како Филип II

Момодрамата „Филип II“ е  работена според научните трудови на Урлих Вилкен и Џорџ Елис. Претставата говори за еден златен кожурец стар 7000 години, во кој љубоморно се чува Македонија како свилена буба на светската цивилизација и култура.

ohridnews