Шпанската актерка Моника Круз, која би требало во мај за прв пат да стане мајка, открила дека забременила со вештачко оплодување. Помладата сестра на популарната актерка Пенелопе Круз, им се заблагодарила на сите кои ја поздравиле и позитивно ја коментирале веста за нејзината бременост.
Актерката пред неколку седмици премиерно го покажала трудничкиот стомак на црвениот тепих во Мадрид. Тогаш сите се прашувале кој е таткото на бебето, но Моника мудро молчела. Сега на целиот свет му ја соопштила вистината за нејзината блажена состојба.