Помладата сестра на актерката Пенелопе Круз, Моника, родила ќерка. Според пишувањата на медиумите, актерката која има 36 години се породила во вторникот попладне на клиника во Мадрид. Засега не е познато кое име ќе го носи девојчето.

Моника така го остварила својот сон да стане мајка. Да би го сторила сето тоа морала се сама да направи. Имено, таа пред неколку месеци објаснила дека во отсуство на идеален партнер, одлучила да забремени со сперма на непознат донатор. Моника на породувањето, сепак, не била сама. Нејзината сестра Пенелопе цело време била покрај неа. Нејзиниот брат Едуардо и останатите членови им се придружиле веднаш по раѓањето на бебето.