Италијанската актерка Моника Белучи во Италија позирала за кампањата на модната куќа Долче и Габана. Снимала фотографии со 20 години помладата колешка Бјанка Балти, а разликата во годините речиси и да не се забележувала.


Снимањето се одвивало во Портофино, а Моника имала уште една можност да го покаже своето згодно тело. Позирала во тесен црн корсет, а подоцна облекувала уште неколку сукњи и костими со црна боја. На крајот на снимањето за потребите на спотот Моника и Бјанка танцувале во ритамот на самбата.