Италијанската актерка Моника Белучи и нејзиниот сопруг Венсен Касел неодамна потврдија дека ставаат точка на четиринаесетгодишниот брак, но италијанската убавица најверојатно веќе нашла утеха во азербејџанскиот бизнисмен Телман Исмаилов.

Моника и Телман наводно почнале романса пред четири години кога актерката гостувала во Турција на отворањето на луксузниот хотел, којшто се наоѓа во непосредна близина на комплексот чиј сопственик е токму Исмаилов, јавува азербејџанскиот сајт Haqqin.az.

Овој педесет и седумгодишен бизнисмен е познат како голем женкар, а неговото име стана познато кога за настап на пејачката Џенифер Лопез за неговиот роденден и плати речиси пола милион евра.

Макфакс