Италијанската актерка, и според многумина една од најубавите жени на светот, промовирала книга со фотографии кои биле снимени од славни мајстори за време на нивните кариери. Славната убавица промоцијата на книгата, едноставно наречена „Моника Белучи“, ја организирала во Рим, а најголемо внимание на присутните предизвикало нејзиното длабоко деколте.
Сликите настанале изминативе години пред објективите на некои од најпознатите светски фотографи, како Питер Линдберг, Хелмут Њутн и Елен фон Унверт. Актерката во едно од последните изданија на списанието “Vanity Fair” се фотографирала полугола со ќерката Леона, која ја родила пред шест месеци.