Најпознатата италијанска актерка Моника Белучи снимила многу експлицитни сцени во новиот филм и само шест седмици по породувањето се соблекла потполно гола. Иако тогаш имала 46 години и минале само неколку седмици откако ја родила својата втора ќерка Леон, Моника сепак целосно се соблекла во новиот филм „Un ete brulant“.
Актерката која е во брак со Винсент Касел има уште една ќерка, Дева, и никогаш немала проблем со соблекувањето пред камерите, но признала дека овој пат тоа го сторила во многу чувствителен момент за неа како жена. Актерката, која се гордее со своето тело и ден денес, пред неколку години рекла дека за неа нема ништо поубаво од женското тело.