Моника Белучи одлучила дека повеќе нема да ги прифаќа филмските понуди на американските режисери. Актерката е разочарана од начинот на снимањето на филмовите во Холивуд, како и од начинот на кој се потценуваат актерите поради нивниот изглед, односно поради годините и вишокот килограми.
Вели дека американците се оптоварени со својата слава и виткост и поради тоа повеќе нема да глуми во американски филмови. Повеќе ги сакала европските независни филмови бидејќи тие барем имале некаква врска со уметноста.