Екипата на новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд моментално е во Рим, а Даниел Крег и Моника Белучи се фотографирани како снимаат заедничка сцена. Обајцата елегантни, во црно, според сценариот тие двајца се на погреб. Моника носела црн капут и идентична сукња, а како додаток, адекватен на окружувањето, имала шешир со мрежичка.
Инаку, ова била првата сцена во која била снимена и новата играчка на Џејмс Бонд, супер автомобилот од марката Астон Мартин DB10. Филмот „Спектре“ покрај Рим ќе се снима уште и во Лондон, потоа Мексико Сити, Австрија и Мароко.