Актерката Моника Белучи го донела на свет девојчето Леони, долго 53 сантиметри и тешко 3220 грама. Таа рекла дека ќеркичката има смеѓа коса и дека е многу убава. Со Винсент Kасел ја има и ќерката Дева која има 5 години.
Во брак се десет години. Поранешната манекенка неодамна се фотографира за италијанското списание „Венити Фер“ со гол стомак. Тоа и е второ позирање за време на бременост. Додека ја носела Дева позирала за истото списание, но тогаш била сосем гола.