Венсан Касел кој моментално се наоѓа во Бразил, минатата година после 14 години брак се разведе од сопругата Моника Белучи. Токму во тоа време тој го снимал филмот „Убавицата и ѕверот“ со ѕвездата на филмот „Сината е најтопла боја“, Леа Сејду. Тие двајца имале неколку прилично еротски сцени, а членовите на екипата од сетот раскажале дека искри имало на сите страни, како и дека убавата французинка го изгребала Венсан во актерскиот занос. Тоа подоцна го пренеле и на насловните страни, а проовокативните фотографии само ги подгреале нагаѓањата дека бракот на Венсан и Моника доживеал крај поради неверство.

 

Тие денови Леа на прашањето дали има момче мистериозно одговорила дека има, но моментално бил зафатен па не сакала да зборува за тоа. Сега поранешната и сегашната на Венсан се „судриле“ на филм, и тоа во последниот Бонд филм “Spectre”. Позирале на претставувањето на филмот, но како што пишуваат француските медиуми, зад насмевките се крие голема нетрпеливост. При тоа, Моника неодамна рекла дека сеуште не го преболела поранешниот сопруг со кој има две деца.