Поранешната манекенка и актерка Моника Белучи е бремена веќе неколку месеци, а би требало да ја роди својата втора ќерка на крајот од пролетта. Со францускиот актер Винсент Касел италијанката веќе ја има ќерката Дева. Во брак се десет години.


Актерката неодамна во романскиот град Бафти го снимаше филмот “The Whistleblower”. Освен Моника, во филмот настапуваат Рејчел Вајс и Ванеса Редгрејв. Актерката во последно време зборувала дека сака второ дете, а за Дева рекла дека ја родила во вистински момент.