По долг временски период на отсуство од светската сцена, преубавата италијанска актерка Моника Белучи, конечно не почести со својата појава. Бранејќи ја и понатака титулата на една од најубавите жени на светот, атрактивната бринета го пленила вниманието во црвена чипка на нејзините омилени дизајнери Долче и Габана.

Изданието кое спремно го покажала на Мет гала вечера во Њујорк се состоело од долг вечерен фустан изработен од богата чипка во интензивно црвена боја. Модните дизајнери својата муза ја украсиле со ѓердан од злато и рубини, кој доаѓа од нивната дебитантска колекција на накит.

 

извор:fashion.hr