Најстарата американска монета, сребрен долар, станала најскапата монета на светот, бидејќи била продадена за 7,85 милиони долари. Таканаречениот „Либерти Долар“ од 1794 година го срушил рекордот од 2002 година, кој изнесувал 7,59 милиони долари за златник од 20 долари од 1933 година.


Сребрениот долар бил во совршена состојба и после 216 години. На предната страна се наоѓа портрет од Лејди Либерт, а на задната американски орел. Нумизматичарите тврдат дека станува збор за првата серија сребрени монети, а се сочувани само околу 150 примероци.