Ретка монета од еден цент од 1792 година била продадена на аукција во Чикаго за 1,15 милиони долари. Како што пренеле американските агенции, милионската монета ја купил Кевин Липтон од Беверли Хилс во име на неименувана група инвеститори.
Необичната монета била направена од бакар и имала рамка од сребрен прстен, кој бил додаден како монетата би добила на тежина. Никогаш не била пуштена во оптек, а се верува дека во светот постојат само 14 такви примероци.