Бакарна монета од еден цент, искована 1973 година, била продадена на аукција на Флорида за 1,38 милиони долари. Џејмс Халприн од аукциската куќа „Херитиџ“ рекол дека монетата достигнала рекордна цена кога станува збор за некои ковани пари. Продажбата исто така била една од најскапите продажби на аукција на Обединетите нумизматичари на Флорида. Монетата била на правена во ковачницата во Филаделфија во 1973, првата година која САД почнале да произведуваат ковани пари.

Од „Херитиџ“ соопштиле дека името на купувачот нема да биде откриено, но рекле дека станува збор за голем колекционер. Халприн објаснил дека постојат уште неколку стотини вакви кованици, но дека оваа е една од многу ретките кои не биле пуштени во оптек. Според локалните медиуми оваа монета е позната и како „Цент со ланец“, бидејќи поврзаните прстени на нејзиниот грб требало да ја симболизираат солидарноста на