Финишираат корекциите на патеката на СРЦ “Билјани Извори“ кои се одвиваат според планот и динамиката зацтртана со сите субјекти во реализација на овај проект (АФМ, МОК, АМС и италијанскиот МОНДО). Викендов во визита ни доаѓа Лоренцо Перони преставникот на италијанскиот Мондо, по што ќе се добијат последните инструкции пред да се договори датумот на кој тие ќе ги започнат работите.


ГП Гранит ги извршува последните подготовки во поставување на подлогата, претходниот слој е откорнат поставен е нов, се  средува јамата које ќе биде нова за трката на 3000 метри како и залетиштето за дициплините скок во далечина и три скок.  Соработката со Модно е одлична ние сме во постојан контакт со нив, се што се работи ние ги информираме како и за ситниците кои што треба да се корегираат – вели Иван Цветкоски член на ИО на АФМ.


При последната посета на Перони во Охрид, тој истакна дека по завршувањето на сите неопходни работи на патеката, за поставување на подлогата на италијанците им се потребни од четири до шест недели во зависнот до временските прилики.

М.Постоловски