Првото тренерско искуство нема по добро да го памети Тиери Анри. Француската фудбалска легенда прво доби суспензија, а после краток временски период му беше врачен отказ од Монако.

Анри палката во кнежеството ја презеде пред нешто повеќе од три месеци но не успеа да најде излез од резултатска криза. Тренерската работа на Анри му ја загрози потегот со преселувањето на фудбалерите во вториот тим кој не беше прифатлив за управата на клубот.

Вршење на должност тренер на Монако на утрешниот тренинг ќе биде Френкс Паси, а за најсериозен кандидат се смета Жардим кој го водеше тимот пред доаѓањето на Анри.

Монако после 21 одигран натпревар во француската Прва лига се наоѓа на претпоследното место со три бодови негатива од 17-то пласираниот Амиенс.

OhridNews