Најновата верзија на Мона Лиза, една од најпознатите слики во светот, е направена од 3604 шолји кафе и 564 чаши млеко. Различните нијанси се направени со додавање на повеќе или помалку млеко во шолјите со кафе.


Сликата е висока 6 метри, широка 4, а била изработена од тим од осум луѓе кои на неа работеле три часа. Оваа верзија на Мона Лиза е направена за еднодневниот фестивал на кафето во Сиднеј.