Министерството за образование и наука досега има направено надзор на 15 приватни научни институти, а во моментов се прави надзор на уште пет. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, при посетата на гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, информираше дека има дополнително уште два институти, за кои деновиве треба да заврши процедурата и да бидат затворени.

На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите кои беа најдени. Но, според извештаите кои ги читав, многу малку од нив ќе можат да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно следи затварање и на поголем број на институти, кои се нефукционални, не го почитуваат законот, односно не ги исполнуваат условите, изјави Јаневска.

За високото образование и за науката во земјава е добро конечно да се воведе ред, посочи министерката, додавајќи дека секој којшто исполнува услови, ќе продолжи да функционира.

OhridNews