– Веднаш да им се дадат свидетелствата на учениците, без никакви услови и пари – изјави за „Дневник“ Џорѓе Арсов, директор на Државниот просветен инспекторат.
Условување за предавањето на свидетелствата, ако не се плати отштета за компјутерите, деновиве забележано е во повеќе училишта во земјава, меѓу кои и во Охрид. Причина за тоа како што информираат од училиштата е направената штета на компјутерската опрема од страна на учениците.