Министерството за образование и наука се оградува од проблемот со дисперзираните студии на Економскиот факултет во Струга. Министерот Тодоров вели дека Владата може само да апелира, но не и да нареди да бидат отворени дисперзираните студии кои Економскиот факултет најави дека ги пролонгира за една година.

Како министерство не можеме да го присилиме Универзитетот да отвори таму дисперзирани студии. Сите претпоставки кои требаше да се исполнат за отворање дисперзирани студии се направени од наша страна, правиме напори, во комуникација сме со деканот од Економски факултет да започнат дисперзираните студии во Струга, изјави вчера министерот за образование, Никола Тодоров.

Од Економскиот факултет во Скопје информираат дека оваа академска
година нема услови да започнат  дисперзирани студии во Струга, каде
наместо предвидените 100 на насоките менаџмент и сметководство се
запишале само 28 студенти. Покрај ова како причина за одложување на
стартот на дисперзираните студии од факултетот го наведуваат и
недостатокот на технички услови во одморалиштето Мајски цвет каде треба
да се одвива наставата. Од Економскиот факултет појаснуваат дека
студентите запишани во Струга ќе се образуваат  во Скопје само оваа
академска година за да се адаптираат просториите во одморалиштето, 
каде од следнатаа година редовно ќе се одвива наставата на
дисперзираните студии.


За родителите на запишаните студенти ваквото образложение е нептифатливо. Тие вчера одржаа мирен протест пред детското одморалиште Мајски цвет, каде требаше да отпочне наставата на Економскиот факултет со барање деканатот да ја промени одлуката. Доколку тоа не се случи тие најавија дека ќе организираат протести пред Владата.

Ohridnews