Иако се најавува нова верзија на Конкурсот за упис на ученици во средните училишта за учебната 2008/09 година, Министерството за образование и наука официјално не се откажува од отворање на по една гимназиска паралелка на албански и турски наставен јазик во Охрид. Локалните власти сметаат дека не постојат ниту техничко-кадровски услови, ниту доволен број ученици за реализација на таквиот предлог и очекуваат истиот да биде корегиран.
Според последната верзија на конкурсот објавена на 31 март во Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ во прва година ќе се запишат 510 ученици во 15 паралелки ( 442 ученици во 13 паралелки со настава на македонски јазик, 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на турски јазик) според наставните планови и програми за:
Гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки, 60 минимум поени
Економско- правна и трговска струка – 170 ученици, 5 паралелки
– економски техничар мак 136 уч. 4 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
-економски техничар алб 34 уч 1 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
Здравствена струка – 68 ученици, 2 паралелки
-медицинска сестра мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 минимум поени
-медицинска сестра тур 34 уч. 1пар. 4 г.тр. 70 минимум поени
Во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во прва година ќе се запишат 466 ученици во 14 паралелки според наставните планови и програми за:
Машинска струка – 170 ученици, 5 паралелки
– машински техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 47 минимум поени
– машинско – енергетски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 47 минимум поени
– автотехничар мехартоничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 47 минимум поени
– автомеханичар –машинист за термопостројки мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
– металостругар металоглодач мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
Електротехничка струка – 194 ученици, 6 паралелки
– електротехничар – енергетичар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 52 минимум поени
– електротехничар за електроника и телекомуникации мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак 68 уч. 2 пар. 4 г. тр. 60 минимум поени
– автоелектричар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
– електромеханичар мак 24 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
Дрвопреработувачка струка – 34 ученици, 1 паралелка
– резбар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
Сообраќајна струка – 68 ученици, 2 паралелки
– техничар за патен сообраќај мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр 56 минимум поени
Во општинското угостителско-туристичко училиште “Ванчо Питошески” во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки според наставните планови и програми за:
Угостителско-туристичка струка – 238 ученици, 7 паралелки
– хотелско-туристички техничар мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 50 минимум поени
– келнер мак 68 уч. 2 пар. 3 г.тр. 37 минимум поени
– готвач мак 102 уч. 3 пар. 3 г.тр. 37 минимум поени
ohridnews