Министерството за образование и наука бара од училиштата да ги одложат сите предвидени екскурзии, со цел да се намали ризикот од ширење на вирусот А (Х1Н1).

Ваквата реакција уследи откако повеќе ученици  од средното угостителско училиште од Скопје се заразиле со вирусот на свински грип на екскурзијата во Истанбул – Турција. Поради тоа Комитетот за справување со пандемскиот грип донесе препорака стотината ученици кои биле на екскурзијата во Турција да не посетуваат настава една недела.

Министерот за образование, Никола Тодоров, информираше дека до училиштата е извршена дистрибуција на хигиенски средства, а очекува директорите на образовните установи да ги преземат сите неопходни мерки за превенција од пандемскиот грип.

Ohridnews