По поразот од 11 Окмтовмри со 2-1 и ремито на домашен терен против Дрита 0-0 есенскиот првак Охрид, се наоѓа во ситуација да мора да победи на мечот со Цементарница.
За еден од клучните мечеви охриѓани ќе бидат осетно ослабени , во составот на Ѓорески што поради повреди што поради суспезнии ќе недостигаат играчите за врска Џалески, Клечкароски како и крилниот офанзивец Ѓорески.
– Екипа која претендира за влез во првата ли га не смее да и се повтори игра како на мечот против Дрита.На мечот со нископласиранта Цементарница му приоѓаме со максимална сериозност и целосен респект на тимот, кој со својот квалитет воошто не го заслужувам местото на табелата. Ние одиме во Скопје да се надигруваме и доколку се покажеме во препознатливо светло очекувам да славиме – смета стратегот на “белите“ Зоран Ѓорески.
Првиот натпревар во есенскиот дел заврши со убедливи 4-0 за “рибарите“, а четворица различни фудбалери беа стрелци на головите.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com