Додека голем дел од жителите на Словенија мака мачат со поплавите, обидувајќи се да ги спасат своите животи и имот, две момчиња поплавата ја искористиле за сурфање по поплавените улици. Станува збор за два жители на Љубљана на кои водата на улиците им дошла како вистинска замена за морето.


Еден од нив возел џип со голема брзина, влечејќи го својот пријател кој бил на даска за сурфање. Фотографиите биле направени на 19 септември, околу еден часот наутро, во градската населба Виц, која најтешко била погодена од поплавите.