Една германка од Корбах повикала полиција мислејќи дека крадец се обидува да влезе во нејзиниот стан. Слушнала како некој се качува на терасата над нејзиниот стан нешто по полноќ во четвртокот. Предоцна сватила дека тоа е нејзиното момче со цвеќе и шише шампањско во раката.


Скокнал од терасата и се обидел да побегне, но полицијата го уапсила. полицискиот портпарол изјавил дека се обидел да ја изненади девојката, но се му тргнало на лошо. Додал дека виното го подарил на полицајците бидејќи се однесувале добро спрема него.