Властите во Москва одбиле да дадат извод од матична книга на родени на 6 годишното момче на кое родителите му дале име БОЧ ФВФ 26062002, јавуваат руските медиуми.

Властите одбиле да го запишат неговото име, кое претставува руска кратенка за „примерок на човечката раса роден во фамилијата Вороњин – Флоринов 26 јуни 2002 година“, како би ги заштитиле интересите на момчето.

„Тоа го направивме за да ги заштитиме интересот на момчето“ – изјавила претставничката од Матичната канцеларија, Татјана Ушакова.


„Неговите родители би требале да размислат за тоа како тој би живеел со тоа име“ – додала таа.

Иако во Русија не постои закон кој забранува давање на чудни имиња на деца, во овој случај барањето на родителите е одбиено.

Ушакова изјавила дека родителите се обратиле до европскиот суд за човекови права во Стразбург, но исто така и тој судот го одбил нивното барање.