Бритни Спирс наводно повторно ќе се мажи. Освен што ја запросило, нејзиното момче Џејсон Тревик, побарало благослов од нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федрлајн.
Наводно му рекол дека ги обожава неговите синови Џејден Џејмс и Шин Престон, кои Кевин ги има со Бритни и дека сака да им биде втор татко. Поранешниот сопруг смета дека Џејсон е вистинскиот човек за неа, а Бритни се надева дека ќе има брак како од приказните до крајот на животот.