Славната пејачка Адел неодамна објави дека е во среќна врска и на јавноста и го претстави своето ново момче, но нејзината среќа не траеше долго. Шармантната пејачка беше шокирана од веста дека нејзиното момче има жена и дете.

Сајмон Конецки е оженет, и иако разводот е во тек, многумина сметаат дека е недолично јавно да се појавува со друга жена, додека не биде официјално слободен. Тој има и петгодишна ќерка. Во брак бил шест години, а разводот е започнат во 2010 година, но се уште трае.
Адел само што изјавила дека Сајмон е нешто најубаво што и се случило, ја дознала шокантната вест која набрзо ја дозна и цел свет.