Германските пожарникари од Ехинг морале да ослободат едно неименувано момче на кое главата му заглавила во лонец. Ја гледал својата баба како готви и се обидел да открие дали главата му ја собира во лонецот. По неуспешните обиди на бабата за вадење на лонецот со помош на сапун и путер, повикала пожарникари.


Пожарникарите морале да го пресечат лонецот и да го ослободат преплашеното момче. Еден од пожарникарите рекол дека момчето сакало да види како изгледа внатрешноста на лонецот. Изгледа погледнало и повеќе отколку што сакало.