Двајца италијански туристи се повредени во Сплит додека совладувале 20-годишно момче кое мавтало со нож кај катедралата „Свети Дује“. Хрватскиот портал индеџ.хр пренесува дека на еден 64-годишен Италијанец му е скршен зглобот, а другиот поминал само со гребнатини.
Се наведува дека растроеното момче било задржано до доаѓањето на полицијата, која дошла по пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
OhridNews