Еден ученик, кој имал 15 години, од Челебањск, Русија, украл трамвај и го возел по неговата вообичаена рута низ градот дури 40 минути, известила локалната полиција. Момчето доста време учело за трамваите и неколку пати претходно го посетило и скалдот на овие возила.


Како што јавиле од полицијата, момчето го возело трамвајот за време на паузата за ручек, а не направило ниту една грешка. Патниците нормално се возеле, а никој не им наплатил билет, бидејќи немало кондуктер. Вработените во јавниот превоз во еден момент забележале дека недостига еден од трамваите и повикале полиција. Момчето било уапсено без да пружи никаков отпор.