Виновникот за инцидентот е 13 годишно момче. За да биде поинтересно, момчето својата авантура ја повторило двапати, а полицајците во Дилон (САД) не забележале ништо.


Момчето едноставно влегло во полициската станица, ги зело клучевите од автомобилот и патролирало низ градот. После тоа еденоставно, го вратило автомобилот. Мајката на момчето видела дека доаѓа дома со полициски автомобил, но оценила  дека  не прави ништо погрешно.

Тоа го направило во рок од две недели, а во полицијата случајот го пријавиле соседите. Мајката и синот се уапсени.