Лука Шредер (21) од Ајова одлучил да прегрне полицаец на улица, но, тој потег скапо го чинел бидејќи полицаецот го обвинил за напад.
Момчето во саботата се упатило кон полицаецот и го прегрнало. Откако полицаецот му рекол да се тргне, Лука го игнорирал предупредувањето и продолжил да го прегрнува, но веднаш бил уапсен, со што заработил неколку обвиненија – пишува во полицискиот извештај.