Нонг Јоухи, момче од Кина, се разликува од своите врсници само по тоа што има блескаво сини очи со кои како мачка гледа во потполн мрак. Ги изненадил лекарите откако што татко му го однел на тестирање бидејќи бил загрижен за неговите очи.


„И претходно бевме во болница, но ни рекоа дека со време очите ќе престанат да светкаат и ќе станат темни како и поголем број на Кинези. Меѓутоа тоа не се случи, па побарав друго мислење“ – вели таткото на момчето.

Го однел во болница во Даху, на југот од Кина. Таму му спровеле тестирања кои ги изненадиле лекарите. Имено, во потполно замрачена соба момчето читало без проблем како и останатите луѓе на дневна светлина. Експертите сметаат дека се родил со ретка аномалија која се вика леукодермија. Поради намалената пигментација очите му се исклучително осетливи на светлина, па може да гледа и во мрак.