Едногодишниот Акшат Саксена влегол во гинисовата книга на рекорди со 34 прсти, 14 на рацете и 20 на нозете. Така го надминал досегашниот рекордер од Кина кој имал вкупно 31 прст. Иако момчето е родено со 14 прсти вишок, неодамна минало низ низа операции со кои лекарите му ги отстраниле вишокот прсти, а бидејќи бил роден и без палци, лекарите планираат да му ги конструираат од останатите прсти.
Момчето било родено со полидактилија, болест која го карактеризира прекумерниот број прсти, а неговата мајка Амрита и самата признала дека била во шок откако сватила дека нејзиното првороденче има 34 прсти. Меѓутоа, таа и нејзиниот сопруг Маној тоа не го гледаат како нешто негативно, туку сметаат дека нивниот син им носи среќа во животот.