Неофицијално се работи за момче од Прилеп кое се возело со педалинка во необележан дел надвор од капалиштето. Момчето според непотврдени информации од присутни на плажата скокнало од педалинката да се освежи и се удавило. Присутните на плажата веднаш испливале да му помогнат, а била повикана и брзата помош која се обидела да го реанимираат момчето, но без успех.
Увид извршила екипа на СВР Охрид, истражен судија и јавен обвинител, а истрагата треба да утврди како се случил немилиот настан.