Во сообраќајната несреќа што се случила вчера попладне кај селото Самолјица кај Бујановац, Србија, животот го загубил македонскиот државјанин М.М (19). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот брат Н.М. (21), јавува српски „Блиц“. Неофицијално настѕраданите се од Куманово.

Полицијата во Врање соопшти дека до несреќата дошло кога патничко возило „Опел Астра“ со македонски регистарски таблички удрило во приколица за транспорт на работни машини, која била паркирана во лентата за застанување.

OhridNews