Едно петгодишно момче од Тексас со сачмарка застрелало алигатор долг повеќе од 3,5 метри. Момчето отишло на лов со својот татко кога наишле на огромниот влекач. Момчето не се испалшило во ниту еден момент, ја зело сачмарката и го убило алигаторот, кој е еден од најголемите забележани во Тексас.
Тој го опишал своето изненадување кога го здогледал алигаторот, а сега планира неговата глава да ја однесе на училиште и да им ја покаже на своите другари. Ученикот во прво одделение често одел на лов со својот татко. Научил да пука кога имал само 4 години.