Едно момче кое има 15 години успеало да ја измами полицијата и да добие лозинки за влез во полициската компјутерска мрежа во Виена. Момчето, кое го прекинало школувањето, очигледно имало повеќе слободно време и развило опсесија за полицијата. Тој на својот Фејсбук профил навел дека е фан на CSI серијата, полицијата и министерството за внатрешни работи. Во својот свет на фантазијата, овој вљубеник во комјутерите, бил инспектор. Пред своите пријатели се фалел дека поседува пиштол и полициска легитимација, како и дека може да ги пронајде адресата како и личните податоци од секого без проблем.


Момчето кое живеело во истата зграда каде што се наоѓала полициската станица, очигледно го користело името на еден од полицајците кои стварно постојат за да дојде до лозинката. Претставувајќи се како тој полицаец тој на телефон ги добил неговите шифри за влез во компјутерот. кога усеал да ја добие шифрата тој влегол во полицискиот компјутер, каде ја читал интерната електронска пошта. Полицијата успеала да му влезе во трага на момчето, против кого поднеле пријава, а како последица на оваа афера стотина полицајци во Виена ќе мора да ги менуваат своите шифри.