Грант Моер има само 12 години, но веќе сериозно се занимава со креирање облека, па неодамна го ангажирала и првата дама на САД Мишел Обама. На Грант му упеало само на 12 години она за што сонуваат многу негови постари колеги, односно меѓу неговите клиенти да се најде и самата сопруга на претседателот.
Моер, кој е од малиот град Флауер Маунда во Тексас, отсекогаш покажувал голем интерес за креирање женска облека, посебно фустани. Креацијата која ја дизајнирал за Мишел Обама била инспирирана од орхидеи. Неговиот талент го препознал Мајкл Ферклот, кој соработувал со Лаура Буш.