Џек Сингер од Њу Јорк го срушил светскиот рекорд откако облекол 215 пара гаќи наеднаш. Момчето сакало да направи нешто посебно за својот десетти роденден па за време на забавата го срушил светскиот рекорд. Рекол дека се чувствувал многу посебно.


Родителите му ги облекувале гаќите, а откако облекол 190 пара морал да седне. Досегашниот рекорд кој бил запишан во Гинисовата книга изнесувал 200 пара гаќи. Новиот рекорд сеуште не е официјално потврден.