Родителите на седумгодишно дете кое провалило во центарот за рептили во Алис Спрингс во Австралија најверојатно ќе се соочат со тужба бидејќи нивниот син е премногу млад за да се најде пред судот.
Сигурносната камера го снимила момчето како удира гуштери и други рептили, а потоа ги фрла на 3 метри долг и 200 килограми тежок крокодил кој се хранел со животните.
„Фактот дека седумгодишник може да нанесе толкава штета во толку краток период е неверојатна. Во мое време би добил клоца“, изјавил директорот на центарот.
Тој додава дека многу од животните ќе биде тешко да се надокнадат. Детето не разговарало за тоа што го натерало желката, неколку гуштери и останати рептили да ги фрли на крокодилот како ручек.